Макстил АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил приходи од 4,64 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со 93%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Споредено со истиот период лани остварените приходи од работењето се повисоки за 14%.
-Зголемените приходи се должат на оприходување на данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година, велат од таму.
Остварените расходи изнесуваа 4,02 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 90%, посочуваат од таму.
Споредено со истиот период лани остварените расходи од работењето се повисоки за 11%.
-Добивката пред оданочување во извештајниот период е 384 милиони денари, и бележи зголемување во споредба со остварената во првото полугодие од 2024, додека нето добивката изнесува 344 милиони денари, и е зголемена во однос на остварената за истиот период во минатата година.
Зголемувањето на добивката се должи на оприходување на данокот на солидарност што беше признаен како трошок во 2023 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промени во менаџментот на Макстил
Макстил и во вториот квартал од 2025 повторно со ниски емисии на цврсти честички
Фото: Макстил