Хотели – Метропол со загуба во првото полугодие

Хотели – Метропол АД Охрид во првите шест месеци од годинава остварил загуба од 16.668 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Приходите за овој период изнесуваат 62.173 илјади денари и се поголеми за 3% во однос на истиот период лани.

-Од овој приход на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 59.199 илјади денари. Останатите приходи во износ од 1.965 илјади денари бележат зголемување во однос на минатата година. Финансиските приходи за разгледуваниот период бележат намалување во однос на истите за 2024 година за 6%, велат од таму.

Друштвото за овој период има расходи од 79.924 илјади денари и истите бележат зголемување од 11%.

-Најголемо учество во  расходите од работењето имаат трошоците за вработените во износ од 38.715 илјади денари, кои бележат зголемување од 8% во однос на 2024 година. Трошоците за суровини и материјали во износ од 17.815 илјади денари бележат намалување за 2% во однос на иститот период 2024 година. Финансиските расходи бележат намалување во однос на истите во претходната година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хотели Метропол откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести