На 32-годишна возраст почина македонскиот бизнисмен Душко Чифлиганец, пренесоа повеќе македонски медиуми, а засега нема официјална потврда за информацијата.
Веста се споделува и на социјалните мрежи, а негови пријатели и бизнис заедницата се збогува со него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Душко Чифлиганец пишуваат и регионалните медиуми
Чифлиганец беше извршен потпретседател на Адора Бизнис Груп и коосновач на Prime Capital by Adora, а според првичните информации починал откако паднал од мотор на трка во Брно, Чешка.
Несреќата се случила завчера околу 16 часот, по што бил хоспитализиран. Првично бил во кома, по што вчера им подлегнал на повредите.
Душко Чифлиганец е син на познатиот македонски бизнисмен и хуманитарец, Ванчо Чифлиганец.
Чифлиганец беше љубител на спортски моторциклизам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Душко Чифлиганец со емотивно обраќање на Economist: Забораваме дека пред се треба да бидеме луѓе
Душко Чифлиганец: „Мое златно правило е секогаш да се опкружувам со попаметни луѓе од мене„
Фото: Фејсбук/Чифлиганец