Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен, во рамките на Бит Фест, во Битола.
Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди.
Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international booking), а се реализираше со поддршка од Општина Битола и Битолскотo културно лето Бит Фест.



Фото: Општина Битола