Како и што се најавуваше извесно време, Демократската партија на Турците на Македонија, која е дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од опозициската ДУИ, и официјално ја напушта коалицијата и на престојните локални избори ќе настапи самостојно, информираа од партијата.
Одлуката, како што информираат од таму, била донесена од Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата.
Партијата ќе има сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница.
Органите на партијата донеле и одлука за излегување од “Европскиот фронт“.
Фото: Игор Бансколиев