Патот до граничниот премин Јажинце, кој што беше затворен поради пожар, е прооден, а пожарот е ставен под контрола, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во гаснењето беа вклучени противпожарните екипи од Тетово, специјализираните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и воздушна поддршка од авион „Ер Трактор“ и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.
Навремената интервенција овозможи ограничување на ширењето на огнот и заштита на инфраструктурата и имотот на граѓаните,“ велат од ЦУК.
Фото: ЦУК