Нов заменик претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) е Цвета Ристовска.
Доаѓа на местото на Билјана Каракашева Шулев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цвета Ристовска избрана за заменик-претседател на Антикорупциска
Во Антикорупциска, Ристовска, како и сега веќе поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која поднесе оставка, откако е обвинета за две кривични дела, дојде од Државниот завод за ревизија (ДЗР).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Цвета Ристовска, која е избрана за заменик-претседател на Антикорупциска
Работно искуство
Во периодот од 2014 до 2021 година била помошник на главниот државен ревизор во ДЗР.
Во периодот од 2009 до 2011 година била советник на главниот државен ревизор за развој и стратешко планирање во ДЗР.
Во периодот од 2005 до 2009 година била самостоен ревизор во ДЗР.
Во 2005 година била виш ревизор во ДЗР, а во периодот од 2002 до 2005 била ревизор.
Во периодот од 2001 до 2002 година била финансиски менаџер во Бопак ДООЕЛ, увоз-извоз, производство и сервисирање на машини за пакување.
Во периодот од 1997 до 2001 година била раководител на финансии и сметководство во Мегатрон експорт-импорт ДОО.
Во периодот од 1992 до 2001 била раководител на финансии и сметководство во Франс-Маседоан.
Образование
Таа е Магистер по економски науки при Универзитет за туризам и менаџмент Скопје.
Ристовска е дипломиран економист. Дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“
Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија