Денеска во штипската касарна „Јане Сандански“ македонската Армија со свеченост одбележа 33 години постоење, развој и напредок, информираат од Министерство за одбрана.
Министерот Владо Мисајловски пред присутните се осврнал на трите столба на кои континуирано се развива Армијата – стабилното буџетирање, инвестициите во нова и модерна опрема и развојот на човечкиот капацитет.
„Во тек е и проектот за набавка на „Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија.
Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила, инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема,“ изјави меѓудругото Мисајловски.






Фото: МО