52-годишен битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола–Ресен

Маж на возраст од 52 години загина денеска во сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази.

Според првичните информации, има и повредени лица, а несреќата се случила помеѓу две патнички возила, едното со странски, а другото со охридски регистерски ознаки.

Едно од возилата било опожарено.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести