И 20-годишен охриѓанец почина по сообраќајката на патот Битола-Ресен

По вчерашната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Ресен, кај местото Слечиште, во која загина 52-годишен битолчанец, на повредите во Клиничката болница Битола им подлегнало и 20-годишно момче од Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

52-годишен битолчанец загина во сообраќајка на патот Битола–Ресен

Како што информираа од полицијата во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила – „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од починатиот 52-годишен битолчанец, кој живеел во Германија и „опел“ со охридски регистарски таблички, во кое освен починатиот 20-годишен охриѓанец имало уште едно друго лице на иста возраст од Охрид.

Битолчанецот почина на лице место.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести