Агрон Салиу од Тетово е 41-годишниот македонски државјанин кој починал на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, Албанија, пренесоа медиумите на албански јазик, кои објавија и негова фотографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
41-годишен тетовчанец починал на плажа во Албанија
Како што веќе објавивме тој во Албанија бил на одмор со своето семејство.
Имал две ќерки и бил вработен во Основниот суд во Тетово.
Според неговото семејство и пријатели не боледувал од никаква хронична болест, пренесоа албанските медиуми.
Фото: Фејсбук/Салиу