Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје е во фокусот на инвеститорката јавност откако од Раде Кончар – Трансформатори и електрични постројки (ТЕП) ДООЕЛ Скопје информираа дека сакаат целосно да го преземат Друштвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раде Кончар-ТЕП сака целосно да ја преземе Раде Кончар – Апаратна техника
Раде Кончар – ТЕП нуди 2.435 денари за акција и најавува дека има намера да објави Понуда за преземање.
Кои се најголемите акционери во Раде Кончар-Апаратна техника
Според податоци Централниот депозитар за хартии од вредност најголемите акционери во Раде Кончар – Апаратна техника се раде Кончар – Сервис и поправки на електрични производи, кој поседува 7,30% од вкупниот број на акции, Горан Антевски, кој поседува 8,83%, Раде Кончар – Заеднички дејности, кој поседува 5,22%, Јана Стојкова Каневче, која поседува 7,55%, Владанка Трајкоска, која поседува 6,10%, Дарко Стојков, кој поседува 7,35% и Велибор Киријас, кој поседува 6,16%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Раде Кончар – Апаратна техника со добивка во првото полугодие
Татјана Лазаревски назначена за извршен директор на Раде Кончар – Апартна техника