Во струмичкото село Банско, познато по термалните извори веќе една година работи хотелот Термал лукс и спа.
Се работи за хотел со четири ѕвезди, кој има три ресторани, конференциска сала, различни типови на соби и секако спа центар во кој се користи лековитата вода.










Истиот има два топли минерални базени, отворен и затворен, (со плиток дел за деца), сауна, турска бања, џакузи, а се нудат и масажи.
Хотелот има и фитнес центар, а за најмалите гости има детско игралиште и бројни содржини за забава, вклучувајќи и базен за деца.
Хотелот има и бесплатен приватен паркинг, а дозволени се и домашни миленици.
Повеќе информации ОВДЕ.
Фото: еМагазин/видео: Хотел Термал лукс и спа