Младиот боксер Еди Насуфи е загинатиот во несреќата на патот Струга-Дебар

Еден од најголемите млади боксерски таленти во Македонија, Еди Насуфи (19) од струшкото село Велешта е загинатиот во несреќата која вчера се случи на регионалниот пат Струга-Дебар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишно момче загина откако со автомобил излетало од патот Струга-Дебар

Насуфи редовно беше дел од македонската боксерска репрезентација во повеќе возрасни категории.

Своите спортски вештини ги разви во струшкиот клуб „Синди“.

Загина откако со возило „мерцедес“ излетал од коловозот на патот.

Бројни спортски работници и негови пријатели се збогуваат од него на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести