Порталот „Тетово инфо“ објави видео од мечка која се качила на тераса од куќа во тетовското село Отуње и се послужила од храната оставена на масата.
Кога ги забележала домаќините избегала.
Како што пишува порталот во текот на летото и во други тетовски села, меѓу кои и Сетоле и Једоарце, снимки од видео надзор покажуваат слични примери со мечки кои бараат храна низ селата под Шар Планина.
Видео: Тетово инфо