Студент од Србија на пат до Грција го изгубил новчаникот во Македонија, го нашол менаџер на бензинска во Куманово и му го пратил на Закинтос

Студент од Белград, Србија, на пат до грчкиот остров Закинтос го изгубил новчаникот во Македонија. По пат накај Грција сфатил дека го изгубил новчаникот на бензинска пумпа во Куманово, но неможел да се врати, а неговата мајка споделила по фејбук групите дека нејзиниот син останал без новчаникот и побарала помош, објави српски Телеграф.

– Мојот син се качил со автобус од Белград до Закинтос преку агенција преку која сите студенти обично патуваат до Закинтос. Имале пауза на бензинска пумпа во Македонија во близина на Куманово. Кога го продолжиле патувањето и стигнале во Грција, забележал дека му недостасува паричникот со картичките и мала количина пари, раскажува мајката за Телеграф.

Синот веднаш ги блокирал картичките, а набрзо следел пресврт кој никој не го очекувал.

– Човекот од бензинската пумпа, мислам дека бил менаџерот, го пронашол паричникот и го контактирал мојот син преку Инстаграм. Му рекол дека паричникот е негов и дека може да го земе кога и како сака, вели таа.

Но, убавата приказна не завршува овде. Човекот од бензинската пумпа сè организирал и го испратил паричникот во Закинтос со следната група туристи кои направиле пауза токму на таа бензинска пумпа.

– Сè во паричникот било недопрено, вели мајката.

Тие симболично го наградиле човекот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести