Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

И Александар Нацев, вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, која ја обезбедувала т.н. дискотека/кабаре “Пулс“ во Кочани, стана дел од групата на обвинети за пожарот во кој загинаа 62 лица, а беа повредени 203 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение и за Александар Нацев, сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“ за пожарот во Кочани

Како и останатите обвинети и тој се терети за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје тој не постапил според прописите за заштита, што довело до пожарот.

Заедно со неговата агенција се товарат дека не презеле мерки за спречување на штетни појави и противправни дејствија, како и дека го вршеле обезбедувањето без писмен договор со т.н. дискотека/кабаре.

Кој е Нацев

Тој е поранешен функционер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот од 2015 до 2017 година беше директо на Дирекцијата за класифицирани информации.

Тој е извршен директор на ЦБИ и декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје.

Нацев е доктор на науки од областа на безбедноста од Институтот за одбрана, безбедност и мир во Скопје.

Работел и како дипломат во Мисијата на Македонија во седиштето на НАТО во Брисел.

Зборува англискиот и германскиот јазик, стои во неговата официјална биографија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани

Без лиценца остана агенцијата „Рубикон“ која ја обезбедуваше дискотеката во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести