Менаџментот на „Макпрогрес“: Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа

Пожарот во фабриката на „Макпрогрес“, „Винчини“ во Виница очекувано е топ тема во јавноста и на социјалните мрежи.

Менаџментот на фабриката информираше дека во истиот целосно изгорел еден производствен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи во главната кондиторска фабрика “Винчини“.

По истиот беа хоспитализирани тројца пожарникари и девет вработени. Од нив, осум лица вдишале чад, а четворица се со полесни изгореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку пожарникари повредени при гаснењето на „Макпрогрес“: Чизмите им останале во стопениот шеќер, згазнале во стопна смола

-Најважно за сите нас е дека немаше човечки жртви – сите наши вработени се безбедно евакуирани, како и дека нема жртви кај противпожарните служби кои храбро го гаснеа пожарот, велат од таму и упатуваат благодарност на сите кои што учествувале во справувањето и гасењето на пожарот.

Засега официјално не се познати причините за пожарот.

-Надлежните институции веќе работат на проценки за причините и последиците од пожарот. Причината за пожарот се истражува и апелираме да се почекаат официјалните известувања од надлежните органи, посочуваат од таму и подвлекуваат дека “Макпрогрес“ останува посветен на своите вработени, партнери и заедницата.

-Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но, потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција, а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа.

На сите наши производи продажните цени ќе ги задржиме ниски и достапни за потрошувачите како и досега, а дополнително некои цени и ќе ги намалиме како би поттикнале поголема продажба.

Заедно со Стопанската комора и сите ланци на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги работно ангажираме со цел да ги задржиме работните места. На сите клиенти и потрошувачи им благодариме однапред за сета поддршка и солидарност.

Солидарноста која ја видовме уште еднаш потврди дека Македонија знае да застане заедно кога е најтешко, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото/видео) Се огласија дел од повредените во пожарот во „Макпрогрес„: “Добри сме, фала ви од срце на подршката“

(Видео) Објавени вознемирувачки снимки од пожарот во „Макпрогрес“

Увидот не може да започне, бидејќи пожарот во „Макпрогрес“ не е изгаснат целосно, велат од Обвинителство

Фото: Макпрогрес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести