Српската Алта банка доби дозвола од КХВ да даде понуда за купување на Стопанска банка Битола

Српската Алта банка АД Белград доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност (КХВ) да даде понуда за купување на Стопанска банка АД Битола.

Од КХВ информираа дека понудата се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои веќе ги поседува Алта банка и лицата со кои таа дејствува заеднички, претставуваат 100% од нејзината основна главнина.

Алта банка нуди 3.777 денари по акција, а понудата ќе се смета за успешна, доколку акционерите на Стопанска банка Битола продадат минимум 70,03% од акциите.

„Според преземачот, понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 273.795 обични акции кои претставуваат 70,03% од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола.

Притоа, преземачот и лицата кои дејствуваат заеднички со него би поседувале 75% плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола“, велат од Комисијата.

За сите акции на Стопанска банка Битола, Алта банка треба да плати 1,4 милијарди денари или околу 22,8 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алта банка преку Комерцијална банка ја достави понудата за преземање на Стопанска банка Битола

Која е Алта Банка која сака да ја преземе Стопанска банка Битола

Стопанска банка Битола добила известување од Алта Банка за намерата за преземање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести