Тројца работници загинаа утринава, а двајца се тешко повредени откако со комбе излетале од мостот на Балталиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на селото Лакавица.
Неофицијално станува збор за работници од Непал, кои биле ангажирани од струмичка фирма.
Од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ за државната агенција МИА велат дека од медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица. Третиот работник бил реанимиран, но подлегнал на повредите.
Тешко се повредени и еден работник и возачот на комбето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројцата загинати работници биле од Непал: Детали од Обвинителството
Фото: Унсплеш