Тројца работници кои загинаа денеска откако со комбе излетале од мостот на Балталиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш, во близина на селото Лакавица, биле од Непал, информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму потврдија и дека тие биле ангажирани од фирма од Струмица.
Друг работник пак е тешко повреден, а возачот на комбето е со лесни повреди.
„ОЈО Штип презема дејствија за испитување на причините за несреќата. Се врши разговор со очевидци, а телата на починатите се дадени на обдукција. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршено и сообраќајно вештачење“, велат од таму.