Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со состојбата со пожарите, рече дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат.
„Сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее.
Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме,“ рече Мицкоски за новонастанатата состојба со пожарот во Трубарево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четири лица се повредени во пожарот во Трубарево, нема доброволно евакуирани
Училиштата околу Трубарево, ќе одржуваат настава онлајн
Фото/Влада