Институтот за јавно здравје информираше дека нивните мерења за периодот од 7 до 14 септември, покажале дека нема зголемена радиоактивност. Параметрите, како што велат, се во рамки на природниот радијациски фон, односно нормалното природно зрачење кое секогаш е присутно во нашата околина.
„ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за здравство и Кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Препораки од ИЈЗ за заштита на граѓаните од загадениот воздух, поради пожарите
Фото/ДЗС