Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев е приведен по сообраќајната несреќа со мотор, при што двајца малолетници се повредени од кои еден потешко. 16-годишно момче и неговата 13-годишна сопатничка се тешко повредени и се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза.
По изврешениот увид, по наредба на јавен убвинител, Јанчев е приведен по соменеие за две дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Полицијата претходно информираше дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека, со телесни повреди се здобиле С.Ј. и неговиот сопатник Х.М.(25) од Вевчани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава – се вели во известувањето од Министерството за внатрешни работи,“се вели во билтенот на СВР Скопје.
Фото/Левица