Најдоцна за две години треба да заврши реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје, која ќе ја задржи препознатливата форма и нема да излегува од постоечкиот габарит.
Како што информираа од Министерството за култура најголемите промени ќе бидат во делот на материјалот кој ќе се користи за реконструкцијата, внатрешната реорганизација на објектот, акустиката со техничко-технолошки системи, нова механика и осветлувањето, а ќе се преуреди и просторот околу неа.



Капацитетот ќе биде намален од 1.500 на 1.200 места, а подиумот ќе биде мултифункционален, односно ќе може да се употребува за претстави од различен карактер.
Реконструкцијата треба да започне следниот месец, а проектот ќе чини околу 20 милиони евра.
Фото: Министерство за култура