Каматните стапки остануваат исти

Каматните стапки остануваат исти, односно каматната стапка на благајничките записи да остане на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на нивоата од 3,95% и 4%, било одлучено на редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика на Народна банка, информираат од таму.

„Со ваквата одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, во согласност со економските услови и ризиците коишто произлегуваат од домашното и надворешното окружување. Овој пристап на монетарната политика е поддржан и со неодамнешните промени кај задолжителната резерва, затегнувањето на  макропрудентните мерки во делот на критериумите на кредитната побарувачка, како и со зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот за дополнителни 0,25 процентни поени.

Комбинацијата на овие мерки е насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и стабилноста на девизниот курс, како и кон заштита од можни идни системски ризици. Во однос на монетарната поставеност во еврозоната, ЕЦБ на септемврискиот состанок донесе одлука за задржување на каматните стапки на досегашното ниво,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годишната стапка на инфлација во август забави и изнесуваше 4,4%, велат од Народна банка

Растот на личната потрошувачка ја забрза економската активност, оценува Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести