(Галерија) Како изгледа логистичкиот центар на Лидл во Куманово, кој е во завршна фаза

Логистички дистрибутивниот центар на Лидл во Куманово, кој ќе биде регионален, е во завршна фаза.

Истиот се протега на оперативна површина од 63 илјади метри квадратни, а вкупно на 170 илјади метри квадратни. Се работи за инвестицијата од 115 милиони евра.

Центарот ќе биде основната точка за снабдување на сите идни Лидл продавници во Македонија.

Интересно е дека на покривот на зградата ќе има фотоволтаичен систем со капацитет од 1 MW, а отпадната топлина од системот за ладење ќе се користи како извор на топлина низ целата зграда, со што ќе се постигне максимална енергетска ефикасност.

Центарот ќе има повеќе од 110 електрични виљушкари, 274 паркинг места за автомобили, 100 паркинг места за камиони и две станици за полнење на електрични возила.

Во иднина се планира и поставување на станица за полнење на електрични возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првите маркети Лидл ќе ги отвори кон средината на следната година?

Каде се освен во Општина Аеродром ќе има Лидл во Скопје

(Галерија) Лидл започна со изградба на маркет во Општина Аеродром

Фото: Влада/Лидл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести