Традиционалната штипска Пастрамалијада ќе се одржи во петок (19. септември) и во сабота (20. септември).
Забавата ќе започне на 19. септември на познатата улица „едносмерна“, која е од лани е затворена за сообраќај.
„Организацијата на манифестацијата е целосно подготвена и прецизно уредена за да се овозможи непречено функционирање и максимално уживање на посетителите. Просторот ќе биде поделен на неколку зони: гастрономска зона со штандови за пастрмајлии и локални специјалитети, зона за културно-уметничка програма, зона за деца, како и посебно место за спонзорите и промотивните активности,“ велат од Општина Штип.
Главната забава ќе се одржи на 20. септември на Градскиот стадион, каде што ќе настапат Дино Мерлин, Владо Јаневски и Елена Ристеска.
Еве ја целата програма:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Пастрамалијада се бара место повеќе во Штип: Како да се резервирате место кај угостителите
Фото: Општина Штип