По два активни и под контрола пожари денеска во Македонија

Денеска во Македонија до 7 часот има два активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Гази Баба во селото Виниче, кај местото викано Муратица, каде гори нискостеблеста шума и во Општина Гевгелија на Кожуф планина, кај селото Пeтрово, каде гори букова шума.

Под контрола се пожарите во Општина Студеничани на депонијата Дрисла и во Општина Делчево на депонијата Острец.

Изгаснати се 27 пожари.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести