Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за услуги, МГФ Инвестемент ДООЕЛ Скопје, преку нетрговски трансфер се стекнало со 52.811 обични акции и сега поседува 11,68% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист.
Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист
М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев














