Краткиот престој во Катанија, најголемото пристаниште на италијанскиот остров Сицилија, секако го искористив да ѕирнам и некоја плажа. Поради недоволно време успеав да видам квалитетно само една, а ги има повеќе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија
Има и комерцијални и некомерцијални, кои по речиси ништо не се разликуваат од комерцијалните плажи на пр. во Грција, со единствен проблем – водата е матна. Плус имате чувство како да се бањете во некоја бара. Едвај се решив да влезам.


Катанија секако не е дестинација за плажи, нив допрва треба да ги откривам во следните патувања по островот.
Кога сме кај Катанија да кажам и дека станува збор за еден од десетте најголеми градови во Италија, а стариот дел од градот, кој е главен град на регион со 58 општини, е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство.


Има над 1,1 милион жители и е во подножјето на вулканот Етна, кој за жал не успеав да го видам облиску.

Следна моја дестинација на Сицилија е Сиракуза, каде ќе ми биде базата.
Продолжува…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите на Малта
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Во Малта се е под конец
Фото: еМагазин