По Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола и Гостивар – концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ пристигнува и во Прилеп!
„Градовите ширум Македонија веќе одекнаа со звуци на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. На концертот во Битола, платото пред Офицерскиот дом беше претесно за сите што сакаа да ја почувствуваат магијата на 14-те нови композиции – химни на љубовта кон татковината. Во Гостивар, емоциите кулминираа со силна порака: Македонската песна живее!
Сега, таа иста енергија и топлина во среда на 24 септември пристигнува и во Прилеп. Концертот кога на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ на сцената ќе блеснат: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев е со почеток во 20 часот,“ се вели во соопштението.