Акционерската структура на Македонијатурист АД Скопје е повторно во фокусот на инвеститорската јавност, откако минатата година буквално се водеше борба помеѓу две групи на акционери, а имаше и смени во менаџментот.
Сега е поради тоа што од акционерската структура излегува еден од најголемите акционери, друштвото за трговија, производство и услуги, М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје, кое остана само со 40 обични акции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн излегува од Македонијатурист
Истовремено своето учество во акционерската структура го зголеми друштвото за услуги, МГФ Инвестемент ДООЕЛ Скопје, кое се стекна со 52.811 акции, и сега поседува 11,68 отсто од акциите на Македонијатурист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МГФ Инвестемент се стекна со 52.811 акции на Македонијатурист, сега поседува 11,68% од вкупниот број
Како што објави порталот Пари, акциите се подарок од М.Г. Фешн, а и двете фирми се на бизнисменот Зоран Антиќ.
Според Пари, кој се повикува на податоци од Бизнис Мрежа, сопственик на МФГ Инвестмент е М.Г. Фешн, а управител Антиќ.
Македонијатурист е сопственик на хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн Хотел “Турист”, “Карпош“, “Белви”, како и на хотелите “Водно“, “Бристол“, “Јадран“, “Сарај“ и ресторанот Пивница, кои не работат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промедика купи нови акции на Македонијатурист, сега поседува 11,91% од вкупниот број
Чезакомерц купи нови 988 акции на Македонијатурист
Македонијатурист со зголемени приходи и добивка во првото полугодие
Фото: Игор Бансколиев