Денеска активни и под контрола по пет пожари во Македонија

Денеска во Македонија има активни пет пожари, заклучно со 12 часот, информираа од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во Општина Гевгелија на Кожуф планина, кај селото Пeтрово, каде гори букова шума, во Општина Македонски Брод, над селото Бенче на планината Добра Вода, каде гори дабова шума и папрат, во Општина Чучер Сандево, кај селото Малино, Скопска Црна Гора, каде гори мешана шума, во Општина Штип, кај местото викано Мирјанина Црква, каде гори сува трева и во Општина Кичево, во Кичево, каде гори стара депонија.

Под контрола се исто така пет пожари: во Општина Гази Баба кај селото Виниче, кај местото викано Муратица, во Општина Студеничани, кај селото Батинци, како и кај селото Драчевица, во Општина Куманово помеѓу селата Љубодраг и Ново Село и во Општина Виница, во Ромското мало.

Изгаснати се два пожари.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести