„Алкалоид“ АД Скопје и Институт за јавно здравје на денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка

„Алкалоид“ АД Скопје и Институт за јавно здравје денеска потпишаа Меморандум и Договор за соработка, со што се поставуваат темели за долгорочно партнерство во интерес на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните, информираат од таму.

Преку оваа соработка двете институции ќе обединат експертиза и ресурси со цел унапредување на здравствените практики, развој на заеднички научноистражувачки проекти, како и спроведување активности за превенција, едукација и за примена на современи фармацевтски и аналитички стандарди.

Овој значаен чин претставува потврда на заедничката определба за градење мостови помеѓу индустријата и здравствените институции, во насока на поддршка на современите политики, иновации и решенија, кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот на живот и јавното здравје во нашата земја, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести