Од денеска и официјално започна кампањата за престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври.
Истата ќе трае до 17. октомври.
Вториот круг од локалните избори пак ќе се одржи на 2. ноември.
Како што предвидува Изборниот законик за изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.
Локалните избори 2025 се осми од независноста на Македонија, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Ќе се гласа на 3.480 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.
Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.
Фото: Игор Бансколиев