Ученици во Ѓорче Петров и Чаир се едуцираа за селектирање на текстилен отпад, добија и канти за селектирање

Во рамки на проектот “Едукација, подигнување на свест за соодветно одлагање на текстилен отпад, базиран на принципите на кружната економија и поставување на соодветна инфраструктура“, кој го реализира невладината организација Центар за развој и унапредување на новинарство (ЦУРН), подржана од Министерството за животната средина и просторно планирање, училишта “Димитрија Поп Ѓоргиев Беровски„ и „7 ми март“ во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир, добија канти за текстилен отпад, донација од компанијата „Екотекст„, која работи во делот на постапување со текстилниот отпад, односно селектирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад. 

Во двете училишта се одржаа и работилници за третирање на текстилен отпад со кои беа офатени ученици од седмо одделение.

Во земјава годишно се создава околу 9.000 тони текстилен отпад.

Количината на облека која се користи се зголемила за над 40% – што значи дека и отпадот од текстил расте.

Околу 20% од загадувањето на водите во светот како резултат на текстилниот отпад. Тоа влијае на еко системот во морињата и океаните.

Полиестерот и микрофиберот, материјали кои многу често ги има во облеката што ја носиме, завршува во нашата исхрана.

Текстилниот отпад ги зголемува емисиите на јагленороден диоксид и предизвикува загадување и климатски промени.  Околу 10% од емисиите на јагленороден диоксид потекнуваат од текстилниот отпад.

Целта на проектот е да се подигне јавната свет кај младите преку информирање и едукација за потенцијалите на текстилниоот отпад преку соодветно одлагање, селектирање и рециклирање. 

Современиот начин на живот и потрошувачкото општество придонесуваат за зголемено создавање на отпад. Во земјава, отпадот сѐ уште не се третира на одржлив и безбеден начин. Комуналниот отпад најчесто не се селектира, и завршува на несанитарни депонии, покрај патиштата или во речните корита. Овој несоодветен начин на управување со отпадот претставува директна закана за биолошката разновидност, човековото здравје и животната средина во целина.

Поради ваквите предизвици, современите општества се повеќе се насочуваат кон моделот на кружна економија, кој овозможува одржливо користење и зачувување на природните ресурси. Овој модел промовира искористување на отпадот како ресурс, со што се намалува негативното влијание врз животната средина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести