Колкави приходи имале Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон лани

Радијата Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон лани оствариле вкупни приходи во износ од 112,46 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеле радијата Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон лани

-Во периодот од последните шест години заедничките приходи на овие четири радиостаници во континуитет се зголемувале, а најмногу пораснале во 2024 година, и тоа за 30 % во однос на претходната година (без приходите од платеното политичко рекламирање зголемувањето изнесува 15,43 %).

Највисоки приходи во 2024 година остварила Канал 77 – износ од 54,33 милиони денари. Приходите на Антена 5 во 2024 година изнесувале 38,95 милиони денари, на Метрополис 11,63 милиони денари и на Јон 7,55 милиони денари.

Најголемо учество во структурата на приходите (74,54 %) имале приходите од продажба на времето за рекламирање. По овој основ радиостаниците заедно оствариле 83,83 милиони денари, од кои 71,22 милиони денари од комерцијалното рекламирање и 12,61 милион денари од платеното политичко рекламирање, стои во анализата.

Најголем дел од рекламниот колач (50 %) остварила Антена 5, чии приходи од реклами во анализираната година изнесувале 35,85 милиони денари.

-Приходите од комерцијално рекламирање на Канал 77 изнесувале 30,93 милиони денари, што претставува 44 % од вкупните приходи од рекламирање. Другите две радиостаници оствариле забележително пониски приходи од комерцијално рекламирање, и тоа Јон 3,79 милиони денари, а Метрополис 0,65 милиони денари.

По очекуваниот пад во 2020 година (поради кризата предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19), заедничките приходи од комерцијалното рекламирање на овие четири радиостаници, од 2021 година наваму од година в година се зголемувале.

Во 2024 година повеќе приходи од комерцијално емитување оствариле Антена 5 (за 21 %), Канал 77 (за 15 %) и Јон (за 9 %). Само радиостаницата Метрополис прикажала помалку приходи отколку во претходната година, и тоа за 88 %.

Приходите од платеното политичко рекламирање на овие четири радиостаници изнесувале 12,61 милиони денари, од кои 3,94 милиони прикажала Канал 77, 3,76 милиони денари Јон, 2,94 милиони денари Антена 5 и 1,97 милиони денари Метрополис, се вели во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Како работеле телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

Како работела МРТ лани

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести