Освен што Сиракуза е едно од најубавите места на италијанскиот остров Сицилија, во неа и околу неа има и одличен избор на плажи, по сечии вкус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Сиракуза – бисерот на Сицилија
За тие што се помрзливи и не сакаат секој ден да бараат нови плажи надвор од градот, има неколку во самиот град, околу островот Ортигиа.



Токму таму и ја пронајдов моета омилена – Spiaggia Diana nel Forte, која јас си ја прекрстив во „шеесетите“, бидејќи ме потсетуваше на тоа убаво време, кога луѓето комуницирале искрено и се забавувале вистински. Плажата беше полна од сабајле до вечер. Иако не сум фан на карпи, туку на песок, овде поминував најмногу време, пред се поради убавата енергија, но и поради кристално чистата вода.
Единствен недостаток и беше што од неа неможеше да се гледа зајдисонце.






Околу Ортигиа има уште неколку плажи, а морам да ја споменам Spiaggia Di Fonte Aretusa, мала плажа со песок, која не и не нешто за бањање, но на неа можете да уживате во прекрасно зајдисонце.


Надвор од Сиракуза посетив две плажи – Fontane Bianche Beach, една од најубавите во оваа област, која е голема и со комерцијален и некомерцијален дел, а вреди да се посети и плажата во Авола.




Продолжува…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите во Катанија
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Dancing on the street во Катанија во Сицилија
(Галерија) еМагазин на патување по Медитеранот: Плажите на Малта
Фото: еМагазин