По повеќе од шест месеци од трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 62, а беа повредени 203 лица, вчера од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, дома се врати 18-годишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените, објави Плусинфо.

Таа во животозагрозувачка состојба, со бројни изгореници и интоксикација со гасови првично беше хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев Клиник“ во Скопје, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград. По третманот таму, се вратила во „Жан Митрев Клиник“, а од 5. мај била префрлена во „Аџибадем Систина“ во Скопје.
Како што објаснуваат од таму лекувањето било долготрајно и комплексно, а третманот индивидуаилизан и динамичен, прилагодуван според нејзината состојба и нејзиниот одговор на терапијата.
Кризите биле многубројни и често непредвидливи. Секој ден во интензивна нега носел ризик од сепса, мултиорганска слабост, тешки метаболни нарушувања и респираторни компликации. Во момнети исходот бил неизвесен, а секоја интервенција, секоја терапија и секое ноќно дежурство биле критични за спасување на нејзниот живот, посочуваат од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ИРЛ објави необјавени снимки и документи од истрагата за пожарот во Кочани
Фото: Плусинфо/Аџибадем Систина