Реплек АД Скопје преку Македонската берза информира дека успешно ја завршил имплементацијата на најсовремениот ERP систем – SAP S/4HANA Cloud Private Edition.
SAP е глобално водечка ERP платформа која овозможува интеграција на сите клучни деловни процеси, унапредување на ефикасноста, поголема контрола и донесување навремени одлуки врз основа на точни податоци.
Со оваа значајна дигитална трансформација, од 1. октомври 2025 година Реплек преминува на работа во новиот ERP систем.
-Оваа имплементација претставува стратешки чекор кој ќе придонесе за подобрување на транспарентноста, усогласеноста со највисоки интернационални стандарди и зајакнување на конкурентската предност на компанијата.
Веруваме дека оваа инвестиција ќе биде цврста основа за понатамошен одржлив раст и развој на Реплек, велат од таму.
Реплек континуирано инвестира во модернизација, следејќи ги највисоките стандарди во фармацијата. Компанијата најголемиот дел од производите ги пласира на странските пазари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владимир Пецовски купи нови акции на Реплек
Како работел Реплек во првите шест месеци од годинава
Генералниот директор на Реплек, Пецовски, купи акции на компанијата