Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува снег и на повисоките населени места, како резултат на влијание на циклонска активност.
„Нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд.
Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.
За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст,“ велат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ