Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД

Разрешен е судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети.

Тој заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, пред неколку месеци завршија на т.н. црна листа на САД, оти со примање мито ги развлекувале предметите поврзани со поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Решение за негово разрешување донесе Судскиот совет од каде информираа дека е разрешен поради “сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, поради потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот…“.

Од Советот велат и дека неговото ставање на листата го нарушува не само неговиот углед, туку и угледот на Судот.

-Кога е вака нарушен угледот веќе тој судија не може да правораздава, бидејќи не постои веќе ниво на доверба, туку довербата е целосно загубена, стои меѓудругото во решението на Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвува нова „црна листа“ за Западен Балкан, кој сè од Македонија моментално е на неа

Каков имот пријавил судијата Енвер Беџети, кој е разрешен

Фото: Апелација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести