Бојана Скендеровски го најави својот прв солистички концерт „Бесмртна“

По повеќе од две децении музичка посветеност, искрени емоции и безвременски хитови, Бојана Скендеровски заокружува едно важно поглавје од својата кариера со својот прв солистички концерт, насловен „Бесмртна“ — како симбол на сите чувства, песни и моменти што живеат вечно во нејзината и во нашата душа.

Во магичната атмосфера на Филхармонија, на 13. декември со почеток од 20:00 часот, публиката ќе има ретка можност да ја доживее Бојана во едно ново светло — интимно, моќно и вистинито. 

Концертот се најавува не само како музички настап, туку и приказна за љубовта, зрелоста и патувањето низ животот и уметноста: 23 години на сцената, вечер исполнета со љубов, спомени и нови почетоци, емотивен репертоар кој ги спојува минатото и сегашноста.

Овој концерт е мојата благодарност – кон публиката, кон музиката и кон сите моменти што ме обликуваа како уметник и човек. Ќе пеам со срце, ќе ве водам низ мојата приказна. Ветувам многу љубов и вистински емоции, вели Бојана.

Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на kupikarta.com, по цени од 800 и 1.000 денари во зависност од местоположбата.

Не заборавајте – 13. декември, Филхармонија. Обезбедете си место за  оваа незаборавна вечер исполнета со музика која е бесмртна! 

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести