(Видео) 33-годишен маж загина, а неколку лица се повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Маж на возраст од 33 години почина по сообраќајна несреќа што се случила вчера на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на кочанското село Горни Подлог.

Се работи за Б.Д. од скопското село Љуботен, а како што информираа од ОВР Кочани, тој бил во возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М. (32) од скопското село Трубарево, кое се судрило со возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.

Со повреди се здобиле и двајцата возачи, како и сопатниците во возилото “рено“, Д.З. (36) и И.М. (21) од Трубарево.

По укажаната помош во болницата во Кочани, И.М. била пренесена во приватна болница во Скопје, а останатите во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш/видео: Телевизија Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести