Смени во Надзорниот одбор на Сава пензиско друштво

Од Сава пензиско друштво АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор.

Силвана Мојсовска е избрана за независен член на Надзорниот одбор, а доаѓа на местото на Ерол Хасан, на кој му истекол мандатот.

Во Надзорниот одбор се и Давид Бенедек, кој е претседател, и членовите Павел Гојкович и Рок Мољк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести