Стравот од нова глобална економска и политичка криза, поттикнат и од слабеењето на американскиот долар и од непрофесионалните купувачи познати како малопродажни инвеститори кои купуваат злато, денеска ја вивна цената на златото на пазарите во Азија на историски највисоко ниво – 4.036 долари за унца.
Оваа цена ги надминува очекувањата на аналитичарите, а според нив една од причините за големиот раст на истата се и царините кои ги воведе САД, кои ја потресоа светската трговија.
Како што пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на аналитичари, цената на златото ќе продолжи да расте и во следните пет години, бидејќи се смета за безбедна инвестиција во несигурни времиња, во какви живееме денеска.
Фото: Унсплеш