(Видео) Дупер објави нова песна – „Супер ѕвезда“

По успехот на нивниот последен сингл „Некажано“, кој излезе пред два месеци, поп-дуото Дупер повторно ни носи уште една нова, енергична песна, која ја поврзува модерната сцена со едно од најемотивните музички наследства на нашето детство – „Супер ѕвезда“.

„Новата песна „Дупер ѕвезда“ зборува за желбата да успееш и да се докажеш, но притоа да останеш приземен и свој во процесот. Приказната е раскажана со онаа нивна препознатлива комбинација на самодоверба, сомнеж и доза хумор.

И визуелно и музички, „Дупер ѕвезда“ се држи до минимализмот. Чист звук и јасна порака. Овојпат без класичен спот, туку со впечатлива и динамична видео-анимација,“ се вели во соопштението.

Фото/Фејсбук-Дупер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести