Заедно со сопственикот на Марковски компани ДООЕЛ увоз-извоз од Битола, Борче Марковски, кој заврши во затворски притвор, во новата истрага за шема за перење пари преку лажни фактури во РЕК Битола, е осомничен и поранешниот директор во Комбинатот, Пеце Матевски, кој порано веќе е во притвор, откако беше обвинет за предметот „Адитив“, за кој веќе се води судски процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Матевски
Пред да стане директор на државната РЕК Битола, во ноември 2021 година, тој бил директор на Термоелектрана.
Според неговата биографија тој е дипломиран машински инженер, кој магистрирал менаџмент на човечки ресурси во 2016 година.
Претходно пак бил хармоникаш. Настапувал со групата Бон – Тон, а бил дел и од Три Бенд, со кој имал гостувања во ресторани и на свадбени веселби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борче Марковски, газдата на Марковски компани има фирма и во Србија, и таму добивал тендери
Газдата на Марковски компани од куќен оди во затворски притвор
Која е Марковски компани, чиј газда Борче Марковски заврши во куќен притвор