Основниот суд Битола му одреди куќен притвор на сопственикот на Марковски компани ДОЕЛ увоз-извоз Битола, Борче Марковски и на уште еден осомничен, опфатени во новата истрага за злоупотреби во РЕК Битола.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола бара мерка ефективен притвор и од таму најавија жалба на одлуката на Судот.
„Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор.
Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини Обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор,“ велат од Обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Борче Марковски, сопственикот на компанијата „Марковски компани“
Фото: Унсплеш